Со албанска химна почна учебната година во Џепчиште

Од:

Првиот училишен ден во новоизграденото училиште „Ѓерг Кастриот Скендербег“ во Џепчиште почна со интонирање на химната на Албанија и со развеани албански знамиња, објави телевизија Телма.

Според телевизијата сето тоа се случувало во присуство на луѓе од Владата – министерот Муса Џафери и заменик министерот за образование и наука Сафет Незири.

Но, за нив, тоа е и нормална работа, како што изјавил Незири – станува збор за училиште и за население кое е албанско според националноста, па според тоа, како што оцени, „не треба негативно да се суди“.

Според Незири, за преименувањето на училиштата треба да се разговара, а не да се преземаат „радикални чекори и казни“.

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска