ВИДЕО: Со 66 приговори ВМРО-ДПМНЕ сака да ја оспори победата на Жерновски

Од:

Со 66 приговори ВМРО-ДПМНЕ сака да ја оспори победата на Андреј  Жерновски во Центар. Имаат поднесено приговори, колку што има гласачки места во Центар.

Жерновски победи и во првиот круг, а го победи Тодоровиќ и во вториот изборен круг . Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Тодоровиќ освои 13.402 гласа, а Жерновски доби подршка од 14.383 жители на Центар.

Дел од медиумите имаат видео материјал, на кој јасно се гледа, дека во Центар власта дозволи да гласаат и фантомските гласачи од Пустец и  Корча од Албанија.

Сите имаа лични карти од МВР за живеалиште во Центар, во станови и на функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Жителите на Албанија не знаеја да одговорат каде живеат, а дел од нив и кажуваат дека се од Ресен, а тука се дојдени на лекување.

Државната изборна комисија   ќе одлучува за приговорите за  Куманово, Центар и Струга. ДИК  има рок од 48 часа да одлучи по приемот на приговорите.

Како опција, ако подносителот на приговорот е незадоволен, е и тужба до Управниот суд, чии одлуки се конечни.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија