Со 28 судии, од предвидените 52, Апелација ќе постапува по сите предмети

Од:

По сите предмети, а посебно по предметите од висок јавен интерес да се постапува ефикасно и ажурно, во согласност со законите, како и Судскиот деловник, почитувајќи го редот на приемот на предметите со цел да се обезбеди ефективно остварување на правдата и примена на законите и воедно да се избегне опасноста од застарување на предметите од висок профил.

Ова е заклучокот од седницата на судии на Апелациониот суд Скопје, на која се разгледало и се дискутирало прашањето по сите видови предмети по кои судот постапува, вклучително и предметите од висок профил и од висок јавен интерес, со акцент на зголемување на ажурноста во постапувањето на истите, а притоа имајќи ја предвид моменталната состојба и намалениот број на носители на судиска функција во судот.

– За подобрување на ажурното постапување и одлучување по предметите од јавен интерес потребно е првенствено да се почитуваат внатрешните процедури за управување со движењето на предметите во Судот, Програмата и Планот за спречување на корупција и судир на интереси и воспоставените процедури по ИСО стандардизацијата, како и Стратешкиот план на Судот, соопштија денеска од Апелација.

Како е воочена потреба од допрецизирање на определени активности и мерки пред се во интерес на ажурно и ефикасно постапување, од Апелација најавија дека дополнително ќе се донесат внатрешни процедури како составен дел на веќе донесените, а во согласност со Законот за движење и управување со предметите во судовите.

Во моментот Апелациониот суд Скопје постапува со намален број носители на судска функција и тоа 28 судии, од предвидените 52 судии.

– Ажурното постапување по сите видови предмети, вклучително и оние од висок јавен интерес, во голема мера зависи од пополнетоста на судиските места и само како напомена дека во апелациониот суд Скопје во Кривичниот оддел на судот се распоредени шест судии кои постапуваат по овој вид предмети, се наведува во соопштението од Апелациониот суд Скопје.

Би можело да ве интересира

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Судски совет утре ќе одлучува да за враќање на Шабани во Кривичен суд до завршување на „Талир“ и „Титаник“

А1он

Судијката Ристеска се враќа во Кривичен суд до објавување на пресудата за Ласкарци

Александар Тодески

Судски совет ќе ја враќа судијката Ристеска во Кривичен суд за да го спаси предметот Ласкарци

Александар Тодески

Пендаровски: Судовите добро да ја проучат пресудата од Стразбур за Јанакиески, потребни се реформи

Александар Тодески

Апелацискиот суд ќе одржи јавна средница за случајот „ТНТ“