Со 260.000 евра ќе се уредуваат 400 метри од коритото на Вардар

Од:

Град Скопје планира да потроши околу 260.000 евра за партерно уредување на минор и мајор коритото на Вардар и тоа на потег од Камени мост до Министерствотот за надворешни работи.

Станува збор за потег од околу 400 метри, а од Градот велат дека ќе се реконструира заштитниот бедем и патеките.

„Град Скопје објави јавен повик за реконструкциjа на левиот партер на мињор и мајор коритото на левата страна на реката Вардар.

Со проектот предвидено е реконструирање на површините меѓу Камениот мост и мостот кај МНР. Со реконструкцијата ќе биде уреден заштитниот бедем, патеките и ќе биде уреден просторот. Покрај уредувањето предвидено е и поставување на нова урбана опрема“, информираат од таму.

Овој простор беше раскопан поради градежните интервенции на кејот, каде последнивегодини беа издигнати пет нови градби.

Дополнително во коритото беше интервенирано поради изградбата на два нови моста: мостот „Око“ и Мостот на уметноста. Со оваа реконструкција ќе се санира штетата што при тоа беше нанесена.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски