Екипата на францускиот филм А фонд од денеска го продолжува снимањето на нова локација на магистралниот пат А1, делница од мотелот Македонија до Градско.
Поради снимање на филмот, овој дел од патниот правец ќе биде затворен за сообраќај од 5 часот наутро до 18 часот попладен.
Сообраќајот ќе се одвива по стариот пат кој е обележан со соодветна
сигнализација.
Снимањето е планирано да се одвива во работните денови.
Претходно снимањето се одвиваше на обиколницата кај Скопје.