Снежната покривка во струшко 20 сантиметри, сообраќајот без проблеми

Од:

Снежната покривка во Струшко е околу 20 сантиметри, улиците се чисти, а сообраќајот се одвива нормално, информира претседателот на општинскиот штаб за кризи Абдула Ќазимоски.

Според него, општина Струга е подготвена да се справи и со поголеми врнежи од снег.

– Општината ги зголеми средствата за чистење на патиштата. Обезбедени се седум милиони денари, а доколку има потреба буџетот ќе биде зголемен, за разлика од минатата година кога имавме само четири милиони. Имаме добра соработка и со сите јавни претпријатија во општината, изјави Ќазимоски.

Претседателот на општинскиот кризен штаб информира дека се одвоени и средства за чистење на селските канали, кои се потенцијална причина за поплави.

Би можело да ве интересира

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Водата во Струга не е исправна за пиење

Општина Струга на аукција ќе го продава „аудито“ на Мерко, почетната цена e 21.800 евра

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски