Снегот го отежнува сообраќајот, забрана за камиони на Стража и Пресека

Од:

Снежните врнежи што ја зафатија Македонија го отежнуваат сообраќајот на повеќе патни правци. Забрана за сообраќај за тешки товарни возила има на патот Кичево – Охрид преку планинскиот превој Пресека и Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.

Патниот правец Македонски Брод – с.Здуње на кој гравитираат 11 села, не е прооден за секаков вид на сообраќај.

Сообраќајот на другите патишта низ државата се одвива тековно во зимски услови по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на коловозот.

Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат низ цела територија на Македонија.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонија Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува за македонската страна на премините.

Авионскиот и железничкиот сообраќај засега се одвиваат без застои.

Би можело да ве интересира

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on