Снегот го отежна и забави сообраќајот, забрани за камиони на повеќе патишта

Од:

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива отежнато и забавено во зимски услови, пo влажни и лизгави коловози, особено во западниот дел од државата каде се бележат врнежи од снег.

Поради врнежи од снег и остатоци од снег на коловозот, воведени се забрани за движење на тешки товарни возила на патните правци Гостивар – Стража – Кичево, Гостивар – Маврово – Дебар и Охрид – Буково – Ресен, како и на потот Струга – граничен премин Ќафасан.За патничките возила на тие патни правци АМСМ препорачува употреба на зимска опрема.

До сите возачи се укажува на  исклучително внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.

Се препорачува поголема внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има почеста појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите. Поради ниските утрински температури на повисоките планински и осојничави места има појава на голомразица.

 Повнимателно управување со возилата е потребно и на магистралниот пат М-1 делница Катланово – Велес, каде се одвиваат работи за реконструкција на патот за што има поставено соодветна сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ потсетува дека е во сила законската обврска за поседување зимската опрема во возилата,обврска која трае до 15 март следната година.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози