Снегот го ограничи движењето за товарни возила на повеќе патни правци и премини

Од:

Поради врнежи од снег и големи остатоци од снег на коловозите, има забрани за движење на тешки товарни возила на повеќе патни правци низ државата: Гостивар – Стража – Кичево, Гостивар – Маврово – Дебар – Струга, Струга – граничен премин Ќафасан, Охрид – Буково – Ресен, Битола – Ѓавато – Ресен, Росоман – Плетвар – Прилеп и Кичево – Македонски Брод – Прилеп.

Според Автомото сојузот на Македонија, сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива исклучително отежнато и забавено во зимски услови, пo влажни и лизгави коловози, и со големи остатоци од снег на коловозите. До сите возачи се препорачува исклучително внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози