Снег на планинските превои во земјава, сообраќај во зимски услови

Од:

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурни екипи на Македонија пат, информираат утрово од Автомото сојузот на Македонија.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ известува дека на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Поради врнежи од снег забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските превои Стража, Пресека, Ѓавато и Маврово.

На патниот правец Тетово – Попова Шапка е зaдолжително користење на зимска опрема (ланци).

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.

Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.

Би можело да ве интересира

Зимска идила на Попова Шапка со 74 сантиметри снег

Снег на патниот правец Тетово-Гостивар-Маврово и на Попова Шапка

Снег на патниот правец Тетово-Гостивар-Маврово и на Попова Шапка

Количината на снег во Москва достигна рекорд во последните 72 години

А1он

Забрана за сообраќај на камиони на патот Гостивар – Стража – Кичево поради обилни снежни врнежи

Горан Наумовски

Сообраќајот на патот Кичево-Гостивар е нормализиран

Катерина Ѓуровски