Снег на Деве Баир, магла на Страцин и на Стража

Од:

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно по влажни коловози. Врнежи  од  снег со слаб интензитет се бележат на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир ( од с.Узен до гр.премин Деве Баир ) со наместа остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија пат.

Појава на магла има на патниот правец Страцин – Кратово – Пробиштип со виливост 50-100м., патен правец Страцин – Куманово видливост од 50-100м. и планински превој Стража вид. 30-40м.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.

На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со возилата,почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози