СМС и Вибер пораки од мобилниот телефон на Вељаноски на судењето за 27 април

Од:

Судењето за случајот 27 април денеска продолжува со прикажување на телефонски СМС и Вибер пораки од одземени и вештачени мобилни телефони, меѓу кои се наоѓа и мобилниот на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски.

Поради технички проблеми судијката Добрила Кацарска даде 10 минутна пауза по што судењето ќе продолжи.

На минатото рочиште беа прикажани доказните материјали од вештачењето во Собранието, како и видео-снимки од мобилен телефон, одземен од обвинетиот Оливер Попоски.

На претходните рочишта беа прегледани снимки од безбедносните камери во Собранието, од ходинкот пред канцеларијата на спикерот Трајко Вељаноски, ходниците што водат до и холот пред прес-салата во Собранието.

Судечкиот совет во предметот „27 април“ минатата недела одлучи да ја раздвои постапката за обвинетиот Сашо Марковски, кој заради нарушена здравствена состојба е на лекување во ГОБ „8 Септември“. Раздвоената постапка за Марковски ќе продолжи по еден месец, а претходно судот ќе побара мислење за неговата здравствена состојба.

За случајот „27 април“ обвинети се уште 32 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување. На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Пандов пушта од затворите лица осудени за 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Горан Наумовски

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески