Под мотото “Смрт на фашизмот-СЛОБОДА ЗА СЛОБОДАТА!”, ОДРАЗ, КИСЛОРОД и БУРГИЈАШИТЕ Ве покануваат на настанот “15 дена потоа”, во понеделник во паркот кај Бристол во 20:00 часот.
15 дена потоа, ќе Ви го презентираат граѓанските активисти кои таа не се бореа само за паркот, туку како што велат и за слободата во Република Македонија, за враќање на владението на правото и принципите на демократијата.
На настанот ќе има видео презентација, говори и за прв пат во живо ќе биде изведена песната која е создадена за борбата за слобода на слободата.