„Смоквијада 2013“ во Гевгелија

Од:

Во организација на Здружението на граѓани „ТеРа“, денеска по седми пат во Гевгелија ќе се одржи натпреварот во традиционално готвење слатко од смокви – „Смоквијада 2013“.

Организаторите велат дека манифестацијата има за цел да го сочува традиционалниот начин на готвење слатко од зрели смокви, а од друга страна да го врати оригиналниот начин на пречекување гости во домот со слатко од смокви.

Натпреварувачкиот дел на манифестацијата ќе се одржи денеска на Ракометното игралиште во Гевгелија, каде повеќе од 15 екипи ќе варат слатко од зрели смокви, секој на свој начин и со свој рецепт.

Пред започнувањето на официјалниот дел на градското шеталиште ќе се одвива фолклорно дефиле со учесниците на „Смоквијада 2013“.

Прогласувањето на победниците од „Смоквијада 2013“ ќе биде утре на плоштадот во Гевгелија бидејќи, како што велат организаторите, квалитетот на слаткото е поверодостоен доколу се дегустира и оценува изладено.

Би можело да ве интересира

Србин со нож ранил маж во кафеана во угостителскиот објект на бензинската пумпа во Јосифово

Горан Наумовски

ВИДЕО: Град со големина на орев го погоди Гевгелиско

Градоначалникот на Гевгелија префрлил 36.000 евра на ракометен клуб основан од татко му, обвинија од СДСМ

Орце Костов

Едно лице загина во сообраќајката на патот Гевгелија-Богданци: Се судриле четири автомобили

А1он

Сообраќајка на патот Богданци-Гевгелија: Сообраќајот во прекин, интервенираат пожарникари и полиција

А1он

Гевгеличанец си садел марихуана во двор – доби кривична и притвор

А1он