СМК: Државното знаме и химна во сите училишта

Од:

Светскиот Македонски конгрес, се огласи по последниот инцидент со интонирање на албанската химна во училиште во Џепчиште.

СМК бара од Владата и Министерството за образование во сите предшколски установи и основни и средни училишта да постават јарболи со македонското државно знаме и да ја прекинат праксата за неинтонирање на македонската национална химна во воспитно-образовните установи.

СМК бара во сите предшколски установи и основни и средни училишта да се интонира македонската национална химна, бидејќи , велат, така се учи да се сака татковината, да се почитува државното знаме и да се пее националната химна.

„За СМК неприфатливо е интонирањето на химната на Република Албанија во државното основно училиште во тетовското село Џепчиште, на почетокот на новата школска година. Независно што албанскиот е наставен јазик, тоа училиште се наоѓа на територијата на Македонија и нема право наставата да ја изведува на начин спротивен на Уставот и законите“, велат од СМК.

Со провокации и непочитување на Уставот и Законот не се градат мерки на меѓусебна доверба, толеранција и коегзистенција во општеството и државата, укажуваат од Светскиот македонски конгрес.

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска