Сменети имиња на две училишта во Дебар

Од:

Двете училишта во Дебар, основното „Пенестија“ (поранешно „Братство единство“) и гимназијата „28 Ноември“ (поранешно „Здравко Чочковски“), добија табли со новите имиња.

Поставувањето на таблите се случило вчера, а на церемонијата присуствувале градоначалникот Аргетим Фида и други претставници од локалната самоуправа, директорите Рамадан Имери и Ќамил Марку, ученици и просветни работници, пренесуваат локалните медиуми.

Гимназијата првото празнување на патронот го одржа денеска во спортската сала што се наоѓа во дворот на училиштето со учество само на ученците од паралелките на албански наставен јазик.

Со едногласно донесената одлука на Советот на општина Дебар и со запазување на бадентеровото гласање двете училишта беа преименувани уште во април годинава. Пенестија е географски поим за Дебар од илирскиот период, додека 28 ноември е Ден на независноста на Албанија и албанското национално знаме.

ОУ „Братство единство“ името го носеше повеќе од шест и пол децении, додека гимназијата името на дебарскиот првоборец Здравко Чочковски, кој на 23 годишна возраст загинал за време на Февруарскиот поход, од формирањето во 1960 година.

Одлука за преименување на училиштата од Министертвото за обазование и наука сеуште нема.

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска