Службата за дезинсекција од кумановскиот Центар за јавно здравје ги интензивира активностите во летниот период

Од:

Службата за дезинсекција, дезинфекеција и дератизација ги интензивира активностите во летниот период, соопштија денеска епидемиолозите од Центарот за јавно здравје Куманово.

Oттаму информираат дека наскоро започнува дезинскецијата, дезинфекцијата и дератизацијата во основните и средните училишта и во шесте објекти од детската градинка. Надлежните од овие установи веќе привршуваат со внатрешно чистење и уредување, интензивно подготвувајќи се за почеток на учебната година.

– Во текот на летниот период засилена е работата на оваа служба која врши третмани во јавните установи и институции, изјави денеска, раководителот на Одделението за епидемиолошка дејност, доктор Јадранка Стаменковска од Центарот за јавно здравје Куманово.

Покрај третманите во јавните установи и институции, како што рече таа, и граѓаните бараат дезинфекција, дезинскеција и дератизација во летниот период.

Најчесто, информира Стаменковска, во домаќинствата се бара дезинсекција против лебарки, бубашваби и мравки. И објектите каде се подготвува, скалдира и преработува храна, односно угостителските објкети, како што се ресторани, сендвичари, пекарници бараат зачестени услуги од службата од Центарот за јавно здравје во летниот период.

Би можело да ве интересира

Уценувала поранешен работодавач – поднесена пријава против маж и жена од Куманово

Горан Наумовски

Загина 64-годишен возач во близина на Куманово

Пронајдена почината 50 годишна кумановка

А1он

Нападната е жена во старски дом во Куманово – заврши во болница

А1он

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда