„Слушнавме тресок, врескаа жени, на мајка ми и се слоши“: Патници доживеале трауми на враќање од Грција

Од:

Околу триесетина патници кои се враќале од еднодневна прошетка до Паралиа, Грција, доживеале голем шок кога поради дефект на минибусот со кој патувале и кој успеал безбедно да застане на експресниот пат Солун-Евзони, морале да чекаат на отворен пат час и половина за да бидат префрлени во преполн автобус на истата агенција со која патувале.

Настанот се случил на 25 километри од грчката граница Евзони, а патниците патувале со минибус во кој имало околу 27-29 туристи од сите возрасти.

Една од патничките кои патувале со агенцијата „МТС Травел“ за „А1он“ раскажа каква голгота доживеале, посебно постарите лица кои патувале со нив, меѓу кои и нејзината мајка.

„Уште кога тргнавме кон Грција минибусот тропаше и ни се чинеше неисправен. Минибусот во еден момент тресна и се спушти целосно до патот, почнаа да врескаат жени, сите се исплашија. Падна на асфалтот со каросеријата, не му се гледаа тркалата од што беше паднат. Расплакани, исплашени и возбудени, некои од нас и колабирани, заедно со вработени од грчката служба за помош на пат, чекавме час и половина наредени како бегалци со торбите во раце додека да стигне сопственикот на агенцијата со друг полн со патници автобус.

Немаше место, па стоевме 25 минути до граничниот премин. Се симнавме пред тоалетот и ја минавме границата пеш. Го чекавме истиот автобус 40 минути за да не однесе до бензинската станица „Макпетрол“ на која не симнаа и чекавме друг автобус за да не пренесе до Скопје – рече Викторија Станковски за „А1он“.

Таа и уште неколку патници не сакаат да преземат правни дејствија за да не мора да минуваат уште еден стрес. Револтирани се најмногу од односот на сопственикот на компанијата кој наместо да им се извини им рекол дека не му е гајле за патниците.

„На мајка ми и се слоши, таа е скоро 60 години. Друга жена околу 40-на година почна да плаче по своите деца. Тоа беше катастрофа и на крајот сопственикот на компанијата ми вели „што сакате правете“ со непријатен тон. Не беше воопшто заинтересиран дали на некој патник му треба помош, а имаше и такви на кои им требаше помош. Се случило што се случило, како сопственик треба да дојдеш да ги смириш патниците и да им се извиниш.

А, ние добивме арогантно однесување – раскажа патничката и додаде дека полицијата дошла во моментот кога тие веќе тргнале во преполниот автобус кон грчко-македонската граница.

Би можело да ве интересира

Дефектот е отстранет, но последиците ќе траат соопшти „Мајкрософт“

Катерина Ѓуровски

„Струшки вечери на поезијата“ од 22 до 26 август под мотото „Допир на убавината“

Не се пријавени проблеми во компјутерските системи на државните институции

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се појасно е кој е главниот виновник за глобалниот технолошки дефект

Огромен технолошки дефект предизвикува проблеми ширум светот

Катерина Ѓуровски

Оценка 2.91 за патувањето со воз, пругите „чекаат“ приватни оператори и ремонти

А1он