Слоницата Дуња била евтанизирана поради старост и болести

Од:

Слоницата Дуња од скопската Зоолошка градина не угинала, туку била евтаназирана, поради старост, објаснуваат од скопската Зоолошка градина.

Како што објаснуваат од таму, Дуња имала 60 години и повеќе болести поради што дошол тим од тројца лекари од Белгија од каде и што дојде слоницата во Скопје кои констатирале дека е најдобро да биде евтанизирана.

– Со голема жалост ве информираме дека во текот на вчерашниот ден (06.08.2024 год.), азиската слоница Дуња по насока на сопствениците кои ја позајмија на нашата зоолошка- „Pairi Daiza” од Белгија, одлучија со тимот експерти (ветеринар, офтамолог и сениор зоо негувател на тимот за слонови) кои изминатите денови ја прегледуваа слоницата донесоа одлука за евтаназија на слоницата 💔
Ниту еден третман ниту операција не можеше да ја спаси, а одлуката на сопствениците од Белгија беше од стручниот меѓународен тим за да таа не страда.
Последнава година слоницата Дуња појавуваше симптоми на длабока старост и изнемоштеност и се констатираа повеќе здравствени проблеми кај Дуња, типични за шеестгодишна слоница.
Дуња скоро и да не гледаше, имаше проблеми со вилицата и забите, а ден претходно беше направен преглед и констатиран е комплексен дентален проблем.
За процесот на обдукција и останките, Зоолошка градина Скопје ги следеше законите и правилата, како и консултации со тим од Факултетот за ветеринарна медицина.
Инаку нашата Дуња најголем дел од својот живот го има поминато во шведски патувачки циркус, патувајќи низ цела Европа. Со забраната за користење на животни во циркуси точки, оттаму Дуња и Даела патуваат во Белгија, во еден од најубавите паркови за слонови во светот- „Pairi Daiza”, каде се констатира дека за жал поради трауматичното минато двете слоници Дуња и Даела нема да можат да живеат во социјална група со други слонови. Оттогаш, во 2018 година доаѓаат во Скопје за да ги живеат нивните „пензионерски денови”, се вели во објавата од скопската зоолошка.

Постапката била завршена вчера. Телото на слоницата било дадено на обдукција, а потоа било однесено на депонијата Дрисла, како што наложуваат прописите.

Би можело да ве интересира

Од денеска повторно може да се оди во скопската Зоолошка градина

Зоолошката градина повторно ќе работи од сабота

Советот на Град Скопје не ја изгласа иницијативата за мораториум за внесување нови животни во ЗОО Скопје

Посетителка во Зоолошката градина побарала да се тестира за птичји грип

Двајцата вработени во ЗОО Скопје кои беа тестирани немаат птичји грип

Катерина Ѓуровски

АХВ: ЗОО Скопје иако детектирало угинато животно, не постапила по законски процедури

Горан Наумовски