Слободен си, изрази се – на скопскиот плоштад акција за слобода на изразување

Од:

Уличната инсталација „Слободен си, изрази се!“, која промовира поддршка и поттикнување на слободата на изразување и креативно користење на јавниот простор, почнува точно напладне на плоштадот Македонија во Скопје и е отворена за сите. Таа ќе овозможи на граѓаните да го користат јавниот простор за слободно изразување.

Настанот ќе го отвори актерот Кирил Поп Христов, додека музичка поддршка ќе дадат диџеите Ана Мало и Зоки Бејбе. На настанот ќе биде промовиран првиот ѕид за јавно изразување на тема „Слобода е…“, на која случајните минувачи ќе можат слободно да напишат што за нив претставува слобода.

Слични инсталации, во текот на септември 2013, ќе бидат поставени и во Старата скопска чаршија, универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, центарот на Тетово и на „Широк сокак“ во Битола. Инсталацијата е инспирирана од младата американска уметница Кенди Ченг, авторка на проектот Before I Die, реплициран во голем број светски метрополи.

Настанот се организира во рамките на проектот „Млади промотори на слободата на изразување“, поддржан од ЕУ преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР), а го реализираат Фондацијата НВО Инфоцентар и Младинскиот образовен форум.

Би можело да ве интересира

Од денеска стапува на сила Договорот за слободно движење во Западен Балкан со лични карти

Горан Наумовски