Следува период со потопло време, со максимални 39 степени

Од:

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавува дека следува период на стабилно и потопло време. Посочуваат дека само во вторник, ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.

Најавуваат дека минималните температури ќе се движат во интервал од осум до 20 степени, а максималните од 30 до 39 степени.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град. Максималните температури ќе бидат во интервал од 28 до 34 степени.

Во Скопје ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. УВ индексот ќе биде 8.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно со темепратури до 19 степени

Променливо облачно време, температура до 15 Целзиусови степени

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне услови за дожд

Облачно со локален дожд

Облачно без дожд, температури до 15 степени

Дожд денеска и утре, од среда стабилно и суво