Следува период на топло и нестабилно време

Од:

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето во текот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со честа појава на локални врнежи од дожд и грмежи.

Од УХМР најавија дека на места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време поголема количина), грмежи, силен ветер (над 60 км/ч) и изолирана појава на град.

Во Скопје, до крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.

До петок ќе дува умерен до засилен јужен ветер и температурите ќе бидат без поголема промена, а од сабота со засилен северен ветер ќе бидат во опаѓање.

Би можело да ве интересира

Сончев празничен ден со температури до 21 степен

Променливо облачно време со сончеви периоди за празниците

Сончево во мала облачност и темеператури до 20 степени

Темепратура до 25 степени денска, од утре повеќе облаци, во сабота повеќе дожд

Сончево и топло до 25 степени

Дожд денеска и утре, од недела потопло