Следува период на многу топло време

Од:

Поради повеќедневно присуство на постабилна воздушна маса во следниот период времето ќе биде натпросечно топло и претежно сончево, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во следните денови ќе има периоди со мала умерена локална облачност, а во попладневните часови и особено во понеделник ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Од почетокот на следната седмица, дневните температури насекаде ќе бидат над 30 степени, а во средината на неделата наместа во југоисточните делови ќе достигнуваат до 40 степени.

Во Скопје и регионот, времето ќе биде многу топло и претежно сончево. Услови за краткотрајна нестабилност има особено во понеделник, а најтопло се очекува на средината од следната недела.

Би можело да ве интересира

Денеска сончево и топло со мала до умерена облачност, температури до 35 степени

Денеска топло со југоисточен ветер, од утре попладне наместа дожд

Денеска сончево и топло, со температури до 37 степени

Црн биланс од летните горештини: Речиси 3.000 дополнителни смртни случаи во Белгија

Сончево и топло и во наредните денови

Денеска сончево и топло со умерена локална облачност, наместа нестабилно со пороен дожд

Горан Наумовски