Следните неколку дена ќе се знаат конкретните чекори околу најавената „метла“

Од:

Разговорите околу најавената „метла“ во Владата се уште траат и се очекува, следните неколку дена премиерот да излезе со конкретен став околу ова прашање.

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски, кој е и новиот генерален секретар на СДСМ, денеска изјави дека во следните неколку дена премиерот ќе излезе со конкретен став околу датумот и чекорите што ќе бидат преземени.

– Вчера вечер ние имавме координација и консултациите на премиерот Зоран Заев со сите останати политички субјекти траат. Во следните неколку дена сигурно ќе излезе со конкретен став околу датумот и конкретните чекори и одлуки што ќе бидат преземени. Сето тоа зависи и од останатите прашања поврзани со ЕУ и со датумот за преговори така што, не би имал што да додадам, изјави Николовски, одговарајќи на новинарско прашање до каде е процедурата и дали се познати новите имиња на министри.

Во делот на екипирањето и структуирањето на новото раководство во партијата, Николовски рече дека сите активности ќе се извршуваат во текот на следната недела.

– Тој дел секако ќе се движи, но за се друго премиерот ќе ја извести јавноста, рече Николовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

СДСМ: Поткуп земаат дури и возачите на владата на Мицкоски