Следната недела ќе се прегласува Законот за ратификација на договорот со Грција

Од:

Претседателот на Собранието, Талат Џафери на брифинг со новинарите рече дека следната недела, најверојатно на 5 јули ќе биде одржана седница на која ќе се прегласува Законот за ратификација на договорот со Грција.

„Во понеделник ќе донесам решение за одржувањето на седницата“, рече Џафери.

Материјалите кои ги добил од Иванов ќе им ги достави на пратениците и следната недела ќе биде одржана седницата, рече претседателот на Собранието.

„Иванов има суспензивно, а не апсолутно вето. Очекуваме Иванов и по втор пат да не го потпише законот. Тоа станува пракса“, рече првиот човек на законодавниот дом.

Тој е дециден дека Собранието, сепак, до крај мора да ги спроведе законите.

Џафери повторно апелираше до Иванов да го сфати значењето на политичкиот момент за државата.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on