Следната година планирана e реконструкција на зградата на СВР Куманово

Од:

Наредната година ќе се реконструира зградата на СВР Куманово, најави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при презентирањето на Предлог-буџетот за 2021 година. Од МВР информираат дека во иднина планирано е да се заменат прозорите, да се постави нова енергетски ефикасна фасада и кровна конструкција.

Зградата ќе добие и нова електрична инсталација, ќе се оспособат просториите за приведување и задржување на лица согласно стандардите, ќе се воспостави нов излез за службени потреби, ќе има нови санитарни јазли, одводна и доводна мрежа, предвидени се молерофарбарски и гипсарски работи, а ќе се зајакне и статиката.

-Министерството за внатрешни работи има повеќе активни рамковни спогодби за набавка на услуги за тековно одржување на објекти на МВР со изведба на сите видови на градежни работи, поправки, сервисирања и тековни одржувања, кои можат да се експлоатираат во кој било момент и истите ќе бидат искористени за предметната реконструкција. Во однос на финансиските средства кои ќе се издвојат за реконструкција на објектот, бидејќи е во почетна фаза средствата дополнително ќе бидат утврдени, информираа од МВР.

Објектот на СВР Куманово е изграден 1929 година, а потоа низ години во повеќе фази е доградуван.

Од МВР истакнуваат дека Министерството подолг период прави напори за подобрување на условите за работа на вработените во Министерството.

– Во таа насока во минатото реконструирани се голем број на објекти, а согласно стратешкиот план за санација и реконструкција на Министерството за внатрешни работи опфатени се повеќе објекти меѓу кои и објектот на СВР Куманово, велат од МВР.

Покрај реконструкцијата на СВР Куманово, следната година планирано е да се реконструираат и полициското одделение Ростуше и полициската станица Ресен.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он