А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

„Слави со срце, не со оружје“ – проект на отсекот за превенција од СВР Куманово

by А1он09/05/2018 - 14:24113
Share0

СВР Куманово со жителите на општина Куманово, одржа Локален совет за превенција на тема „Неовластено пукање од огнено оружје на семејни и други веселби“. Активноста е дел од проектот што се реализра под мотото „Слави со срце, не со оружје“. Проектот се реализира во соработка со СВР Куманово, Општина Липково и Основно јавно обвинителство – Куманово.
– Се дискутираше за последиците од пукање на семејни веселби, огномети кои не ги изведуваат овластени лица, како и за опасности од возење на малолетни лица надвиснати и седнати на прозорци од возила. Донесени се повеќе заклучоци кои се однесуваат на преземање превентивни мерки во наредниот период за информирање на граѓаните за јакнење на свеста, да не се пука со огнено оружје на семејни веселби, се вели во соопштението на отсекот за превенција.

Добивај вести на вибер

Во оваа акивност ќе се вклучи и Исламската верска заедница, одговорните од верските објекти, месната заедница, угостителите каде се организираат прославите. Во рамки на проектот ќе бидат поставени постери, ќе се делат флаери на влез од Р.Македонија за нашите државјани кои доаѓаат од привремена работа во странство. Со цел подигање на свеста во оваа насока, отсекот за превенција ќе дејствува и преку социјални мрежи, со постирање на настани и пораки од сајтови на локалните самоуправи. Оттаму ја нагласија и соработката и вклученост на медиумите во известување за настаните и јавно пренесување на пораките до пошироката јавност. Градоначалникот на Општина Липково ја даде својата поддршка и при првичната идеја за заедничко настапување, како и со лично ангажирање во активностите, објаснија од отсек за превенција.

Претходно е формирана работна група за работа на терен чиј носител е СВР Куманово, а претставници од ОЈО Куманово, Општините Куманово и Липково. Проектот ке се реализира и во останатите општини што ги покрива СВР Куманово.

kumanovo

Би можело да ве интересира

84-годишен кумановец е осомничен за убиство на 61-годишна жена

Горан Наумовски14/12/2025 - 14:09

Четиригодишно дете во Куманово се затру откако испи повеќе таблети

Горан Наумовски20/11/2025 - 15:2120/11/2025 - 16:59

Две жени се нападнати од нивните сопрузи во кумановско

Горан Наумовски15/11/2025 - 11:44

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски29/10/2025 - 07:5829/10/2025 - 07:59

Кандидатката за градоначалник на Куманово од „Искуство за успех“ вети три клучни проекти за развој на Куманово

Горан Наумовски16/10/2025 - 16:33

Стоиљковиќ: „Братска листа“ во Куманово ја сочинуваат луѓе со интегритет, познати лица и професионалци

Горан Наумовски16/10/2025 - 16:01
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен