Славески: Го повикувам инспекторатот за локална самоуправа да интервенира во Град Скопје

Од:

„Пред да предложам дневен ред сакам да укажам на нешто, имено знаете дека на изминативе две седници забележавме дека некој неовластено без дозвола на претседател на Совет и на советниците кои што се единствени кои што можат да вршат измени во оваа сала на опремата, на распоред на седење и така натаму, на претседателот на Совет му е оневозможено да го спроведува Деловникот од аспект на спроведување на редот во салата, давањето и одземањето ако за тоа има потреба збор, контролата на времето на дискусии итн.“, истакна Трајко Славески, претседател на Советот на Град Скопје денеска на седницата.

Славески додаде дека токму тоа беше и причина за одредени тензии на изминатите две седници.

„Јас како претседател на Совет во неколку наврати и усно, а и писмено се обратив да му се овозможи на претседателот на Совет тоа деловничко и статутарно право. Дури и потпишав една наредба до секторот за општи работи. И како што гледам до овој момент не е постапено“, нагласи Славески.

Тој потсети дека претседател на Совет треба да дава збор по редослед на пријавување и доколку некој од дискутантите не се придржува на точката на дневен ред по три опомени, да одзема збор.

„Јас немам начин за одземање на збор освен нели да исклучувам микрофони на советниците. Тоа што нели е постапено по она што беше барање и доставено и писмено, овој момент јавно го повикувам инспекторатот за локална самоуправа да интервенира во Град Скопје, ќе побарам и писмено заради попречување на работата на Советот и одземање на ингеренциите на претседателот на Совет. Замолувам и давам пауза од половина час да се врати опремата со која што Советот одржа 18 седници“, повика Славески.

Би можело да ве интересира

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања