Славески до Ковачевски: Со оглед на средбите со Арсовска можам само да ви ја честитам полутајната и неформална коалиција во градот

Од:

„Очигледно премиерот на државата, покрај растечката инфлација, проблемите во економијата, блокадите во градот, истоштените институции, проблемите со бизнисите, има доволно време да се посвети да ја коментира мојата работа“, вели Трајко Славески, претседател на Совет во Град Скопје.

„Прво, фактот што призна дека имал средби со градоначалничката Арсовска во владата дава објаснување за позадината на многу работи, блокади и напади врз мене како претседател на Советот и хаосот кој се продуцира во работењето на градот и градоначалничката.

Второ, во интерес на вистината и во однос на неговата хипотеза дека дека не сум заслужил да бидам претседавач на совет, ќе нагласам дека како советник, носител на листа сум избран од убедливото мнозинство од граѓаните на Скопје, за разлика од него како премиер кој не е избран на избори, туку поставен на позицијата премиер договорено на зелена маса, во неговата партија.

Воедно, повеќе пати сум бил на избори, како носител на листа, за советници и за пратеници. СДСМ во втора изборна единица (неговата и во неговото Куманово) сум го победувал катастрофално со огромна поддршка од негови сограѓани.

Така да единствениот кој не заслужува да биде премиер е токму Ковачевски, бидејќи тоа Македонија, а гледаме и градот Скопје ја чини прилично многу.

Во оваа прилика, иако не е за фалење можам само да им ја честитам полутајната и неформална коалиција во градот“, изјави Трајко Славески, претседател на Совет во Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања

Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот на Град Скопје, обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции

Предраг Петровиќ

Ѓорѓиевски: Kонечно Скопје за Нова Година ќе биде украсено како што треба да биде

А1он

Проект „Градски воз“: Од Драчево до центар на Скопје за 11 минути

А1он