Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи.
Слаб снег провејува на Попова Шапка кој не се задржува на коловозот.
Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.