Слаб снег на неколку патни правци

Од:

Сообраќајот на патиштата низ државата се одвива тековно по наместа влажни коловози, а слаб снег којшто не се задржува на коловозот провејува во Прилеп, Буково, Ѓавато, Пресека и Железнец.

Јавното претпријатие „Македонија пат“ информира дека нивните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Оттаму апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.

Подетални информации возачите може да добијат на дежурниот телефон 02/25 61 502 или на веб страницата www.makedonijapat.com.mk.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози