Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Слаби врнежи од снег има на планинските места во западниот и југозападниот дел од државата, но без да се задржува на коловозот и без пречки во сообраќајот.
Автомото сојузот на Македонија АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Особено да се внимава на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците каде е можна почеста појава на одрони, особено на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница кои можат да го попречат движењето на возачите.
Дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“ се на терен и редовно ги контролираат и одржуваат проодни сите патни правци. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата. Во сила е законската обврска за поседување зимска опрема во возилата, што трае до 15 март.