Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по претежно влажни коловози.Слаб снег врне во Ресен, Крушево, Маврово и на планиските премини Буково, Плетвар и Страцин, кој не се здржува на коловозот, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) во пладневниот извештај за состојбата на патиштата.
Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово–Дебар-Струга, Демир Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.