СКСЗМ: Можности за развој на бизнисот со европските програми и иницијативи

Од:

Стопанската комора на северо-западна Македонија (СКСЗМ) и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност денеска организираа работилница на која ги претставија програмите „Еразмус плус 2014-2020“ и европските иницијативи „Еуропас“ , „Евридика“, „еТвининг“, „Еурогајденс“, „Еуродеск“ и „ЕКВЕТ“, со можностите кои се нудат за развој на бизнис заедницата.

Според соопштението од Комората, претставниците на Агенцијата истакнале дека создавањето нови можности за образование и стекнување знаења и вештини за бизнисите ќе остане нивен приоритет и оти програмата е одлична можност за придонес кон развој на бизнис заедницата.

– Овие програми ќе овозможат зголемување на нивото на образование, искуството и вештините меѓу компаниите, што во исто време ќе резултира со поголема конкуренција во управувањето со човечките ресурси. Ова значи поголем потенцијал и добра основа за развој на земјата, која е нашата главна цел, се вели во соопштението. 

Со имплементација на програмата „Еразмус плус“ во Република Македонија се обезбедува голема поддршка за образованието, обуката, младите и спортот. „Еразмус плус“, посочуваат од Комората, придонесува за надградба на институционалните капацитети, како и личен и професионален развој на сите чинители во полето на бизнисот.

Би можело да ве интересира

СКСЗМ: Над 4.000 компании згаснаа само во првите шест месеци од 2020-та, ликвидноста да биде клучна за петтиот пакет мерки

Ана Ололовска

Топ 100: Компаниите да продолжат со инвестиции, државата ќе ги поддржи

Ана Ололовска

Бектеши на средба со менаџментот на СКСЗМ

Ана Ололовска

СКСЗМ одржа Годишно собрание, избрани новите структури за следниот мандат

Ана Ололовска

СКСЗМ апелира надлежните институции да преземат мерки и активности за подобрување на безбедносната состојба во земјава

Ана Ололовска

Одговорни за носење заштита на лицето треба да бидат органите на редот, а не бизнисите, порачува Комората на северозападна Македонија

Ана Ололовска