СКСЗМ бара во пописот да има етничко изјаснување

Од:

Да се спроведе пописот и во него да има графа за националност, односно етничка припадност, да се спроведат ефикасни реформи во јавната администрација, да не се носат закони без консултација со бизнисот и да се обезбедат повеќе пари за зоната во Визбегово, а не само еден милион евра како што е предвидено со Буџетот за 2019 година, се само некои од барањата на Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) што беа изнесени денеска на прес-конференција.

Како што истакна претседателот на Комората, Неби Хоџа, од вкупно 39 конкретни барања што ги доставиле компаниите-членки Владата одговорила на само две.

-Вицепремиерот Анѓушев ни вети дека до 31 декември ќе одговори уште на 34 од нашите барања меѓу кои е и обештетувањето на фирмите за поплавите во Сингелиќ, рече Хоџа.

СКСЗМ уште еднаш апелира на потребата од рамномерен регионален развој. Според Комората, дисперзирањето на централната власт е сосема погрешен концепт.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со барањето во пописот да се вметне и категорија „националност“, Хоџа објасни дека е добро компаниите да го знаат етничкиот состав на населението (потрошувачите) во градовите, селата и согласно тоа да го прилагоди својот бизнис.

-Во Шипковица, на пример, нема православно население поради што е нелогично таму да се продава свинско месо, дополни извршниот директор на Комората, Дрилон Исени.

Во однос на условите за водење бизнис, последната анкета на СКСЗМ покажува дека 71 процент од компаниите деловната средина ја оценуваат како еднаква или полоша од онаа во земјите од регионот.

Оценка на комората е дека економски раст од 2,8 отсто во 2018 е можен само ако се реализираат над 85 отсто од инвестиците.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Претходната влада донесе одлука да ја избрише методологијата на пописот

ВЛЕН: Ќе ги тужиме Државниот завод за статистика и раководни лица во врвот на поранешната Влада за пописот

Пописот не смее да биде политичка тема, потребна ни е вистинска бројка, вели премиерот Мицкоски

ВРЕДИ: Бришењето на дијаспората од пописот е тешко предавство, ДУИ не може да се крие зад молкот

Движењето ЗНАМ – за наша Македонија го поддржува предлогот на премиерот Мицкоски за електронски попис на населението

Пратеникот Реџепи ja оспорува Методологијата за пописот oд 2021 година

Горан Наумовски