Скратена постапката за добивање нов биометриски пасош за нашите државјани во Швајцарија

Од:

Со полн капацитет работи базната станица, воспоставена во Амбасадата на Република Северна Македонија во Берн, Швајцарска Конфедерација, преку која над 400 наши државјани се стекнаа со нови биометриски патни исправи, соопшти денеска Министерството за надворешни работи.

Според амбасадорот Кенан Рамадани, со скратената постапка од шест на еден месец, се решил најголемиот предизвик со кој се соочиле нашите државјани во Швајцарија и вработените на Амбасадата.

-Овој проект успешно се спроведува. Во текот на последниот месец, од почетокот на имплементацијата на овој проект, преку нашата Амбасада, со биометриски патни исправи се стекнаа над 400 наши сограѓани, истакна амбасадорот Рамадани.

Базната станица воспоставена во Берн е една од деветте опреми што се распределени во наши дипломатски и конзуларни претставништва во светот, каде има повеќе барања за издавање на нови патни исправи.

-Со цел подобрување на услугите за дијаспората, Министерството за надворешни работи во соработка со Министерството за внатрешни работи, покрај базните, стави во функција дополнителни четири мобилни станици, информираат одф МНР.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија