Скопското обвинителство размислува дали ќе покрене истрага за Чаир

Од:

Скопското обвинителство побарало од Државната изборна комисија известување за неправилилностите кои беа утврдени во Општината Чаир.

Врз основа на добиените сознанија, ќе се одлучува дали ќе биде отворена истрага за случајот.

Според кривичниот законик за изборна измама предвидена е минимална казна затвор од 5 години за членови на избирачки тела кои учествувале во измамата.

ДИК вчера разреши 140 членови на избирачки тела во Чаир, меѓу кои и десетте членови и заменици на Општинската изборна комисија, откако беше утврдено дека погрешно ги пресметале гласовите на кандидатите за градоначалници во општината. На актуелниот градоначалник Изет Меџити и кандидат на ДУИ, во првиот круг му биле допишани 992 гласа, кои биле одземени од другите кандидати.

Во 13-те избирачки места за кои гласањето е поништено и в недела таму ќе се врши прегласување, а на останатите ќе се одвива вториот круг на изборот на градоначалник. Ќе се избира меѓу Изет Меџити од ДУИ и Мухамед Тачи од ДПА.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“