Скопските општини дел од проектот „Европска зоолошка“

Од:

Директорот на Зоолошката градина Скопје Ѓорѓи Галетановски денеска се сретна со градоначалниците на Кисела Вода и на Бутел Филип Темелковски и Велимир Смилевски.

На средбата, како што информира Зоолошката градина, е договорена целосна соработка вклучувајќи ги општинските сектори за образование и секоја општина ќе се вклучи со донации.

– Зоолошката градина е на сите деца, од сите општини. За тие успешно да се едуцираат на општините ќе ги отстапиме двата едукативни центри, кои се целосно опремени за успешна едукација на деца од предучилишна и училишна возраст, изјави директорот Галетановски.

Проектот „Европска зоолошка“ има за цел Зоолошката градина во Скопје да се направи по европски стандарди. Проектот го почна Галетановски откако дојде на функцијата директор.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски