А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Скопскиот аеродром повторно во нормала, но маглата предизвика осум откажувања

by А1он22/12/2025 - 14:5322/12/2025 - 15:36143
Share0

Авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром Скопје постепено се стабилизира откако вчера и денеска беа забележани откажувања и пренасочувања на летови поради намалена видливост предизвикана од магла, информира операторот ТАВ Македонија.

Добивај вести на вибер

Во периодот од 20 часот вчера до 12 часот денеска, реализирани се 27 лета, додека вкупно осум лета се откажани – три во пристигнување (Белград, Истанбул и Истанбул – Сабиха Гокчен) и пет во заминување (Цирих, Белград, Атина, Истанбул и Истанбул – Сабиха Гокчен). Еден лет од Франкфурт-Хан е пренасочен.

– Сите останати слетаа и полетаа согласно планираниот ред на летање. Аеродромот е отворен и сите капацитети се во функција, наведуваат од ТАВ, додавајќи дека персоналот и опремата работат 24/7.

Од компанијата апелираат патниците да ги следат информациите од авиокомпаниите за нивните летови, бидејќи временските услови се менуваат, а секоја авиокомпанија има различни процедури за толеранција при намалена видливост.

Ажурирани информации за распоредот на летање се достапни на веб-страницата https://skp.airports.com.mk/, а патниците можат да се обратат и на инфо-пултот во терминалната зграда или на телефонскиот број +389 2 3148 333.

aviosoobrakjajmaglaskopski aerodrom

Би можело да ве интересира

АМСМ: На Попова Шапка врнежи од снег кој не се задржува на коловозот, Во Крушево намалена видливост поради магла

Горан Наумовски02/04/2026 - 18:16

Намалена видливост поради магла на патниот правец Лисец – Попова Шапка, во Крушево и на планинскиот превој Плетвар

Предраг Петровиќ01/04/2026 - 18:17

Намалена видливост до 50 метри поради магла на патниот правец Попова Шапка – село Лисец

Предраг Петровиќ27/03/2026 - 18:24

Магла на Плетвар, влажни коловози

Предраг Петровиќ09/02/2026 - 20:10

Отежнат сообраќај на Плетвар и кај Крушево поради магла и снег

Горан Наумовски02/02/2026 - 07:23

Магла на патот Свети Николе – Сарамзалино – Велес

Предраг Петровиќ31/01/2026 - 09:13
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто