А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Дипломатски клуб – Скопје: Скопскиот аеродром да го носи името на Киро Глигоров

by А1он10/11/2017 - 10:4910/11/2017 - 10:51176
Share0

Дипломатскиот клуб – Скопје ја поддржа иницијативата за именување на скопскиот аеродром „Александар Велики“ по поранешниот претседател Киро Глигоров.

Добивај вести на вибер

„Поведен од одделни јавни манифестации, Извршниот одбор на Дипломатскиот клуб ја дава својата поддршка на искажаните иницијативи, во иднина, скопскиот меѓународен аеродром да го носи името на Киро Глигоров. Воедно, Извршниот одбор на ипломатскиот клуб ја поддржува и иницијативата на Филателистичкиот сојуз на Македонија за издавање на поштенска марка по повод 100-тата годишнина од раѓањето на претседателот Киро Глигоров“, велат од Дипломатскиот клуб.

Од таму нагласуваат дека од скопскиот аеродром отпочнувале и на него завршувале бројните „походи“ на претседателот Глигоров во светот, неговите патувања посветени на мирот и пријателството, а за меѓународно етаблирање на македонската држава.

„Во негово присуство првпат во практика се воведени протоколарните манифестации како што се веење на државното знаме, интонирање на химната, постројување на почесната гарда, со кои пред светот Република Македонија се претстави како самостојна и независна држава. Од овој аеродром полетаа и првите авиони со македонски државни ознаки. Со именувањето на скопскиот аеродром со името на претседателот Глигоров, на најдостоен начин ќе се материјализира оценката за неговата голема улога во процесот на создавањето на Република Македонија како современа држава – траен паметник во колективната меморија на граѓаните на Македонија“, велат од Дипломатски клуб – Скопје.

avioni

Би можело да ве интересира

Британски авиони соборуваат евтини ирански дронови со скапи ракети

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:28

(ВИДЕО) Соборени американски воени авиони, снимка и од пилот кој е фатен

Горан Наумовски02/03/2026 - 09:1702/03/2026 - 12:20

Николоски: 23 нови линии, целта е над 4 милиони патници

Горан Наумовски19/02/2026 - 09:4419/02/2026 - 09:47

Речиси 450 летови откажани или одложени на аеродромот Шипхол поради снег и ветер

Горан Наумовски02/01/2026 - 19:03

Јапонија одбива вина: Неосновани се тврдењата на Кина за инциденти за време на воени маневри

Горан Наумовски08/12/2025 - 14:29

Поради силен ветер два авиони не можеа да слетаат во Скопје, пренасочени се кон Приштина

А1он17/11/2025 - 19:49
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен