Скопски марш за Сребреница

Од:

Бошњачка културна заедница во Македонија во недела, 10.07.2016, со почеток во 11 часот, организира скопски Марш за Сребреница со мото “Don’t forget Srebrenica“ (Не заборавај ја Сребреница).

Предвидено е Маршот за Сребреница да тргне од старата скопска чаршија, од самиот центар кај фонтаните и да заврши кај Камениот мост, каде ќе се одржи прес конференција за медиумите и ќе се прочита Декларацијата за Сребреница.

На 04.02.2010 Собранието на Република Македонија ја подржа Резолуцијата на Европскиот парламент за Сребреница, усвоена на 15 јануари 2009 година и се обврза дека соодветно ќе го одбележи 11 јули – Денот за сеќавање на геноцидот во Сребреница со што ќе им се оддаде почит на жртвите од масакрот на што сме благодарни како припадници на бошњачката етничка заедница и државјани на Македонија.

Досега релеватните институции не го одбележале овој датум, а ние сметаме дека тоа треба да го направат што побрзо со што ќе застанат на страна на вистината, на страна на осудување на злосторството и ќе изразат почит кон своите сограѓани Бошњаци, велат од Бошњачката културна заедница во Македонија.

Би можело да ве интересира

Влада: Геноцидот од Сребреница да остане траен потсетник на обврската за зачувување на мирот

Горан Наумовски

Шешељ: Во Сребреница се случи воен злостор, но тоа не беше геноцид

Вучиќ изрази сочувство до семејствата на жртви во Сребреница: Не можеме да го промениме минатото, но мора да ја промениме иднината

Кос: Сребреница е длабока лузна во европската историја

Филипче: Сребреница засекогаш ќе остане симбол на опасноста од поделби и омраза

Горан Наумовски

Израелски историчар: Во Сребреница не е извршен геноцид

А1он