Скопската обиколница затворена за сообраќај до петок

Од:

Обиколницата околу Скопје, од клучката кај Хиподром до клучката Сарај, и денеска е затворена за сообраќај поради снимање на филмот „А фонд“ на француската продукциска куќа „Чик филмс“.

Според најавата од „Чик филмс“ и „Манифактура продукција“ обиколницата ќе биде затворена до петок во периодот од 5 до 18 часот.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози.   

Автомото сојузот на Македонија препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози