„Скопјеинфо“: Ивица Коневски најуспешен градоначалник во Скопје за 2012

Од:

Ивица Коневски е најуспешен градоначалник во Скопје за 2012 година, според анкетата на порталот „Скопјеинфо“. Второпласиран е градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски, а третопласиран градоначалникот на општина Центар Владимир Тодоровиќ.

За најуспешните градоначалници одлучуваа повеќе од 20 илјади граѓани кои гласаа на веб-порталот „Скопјеинфо“, од 22 декември 2012 година до 15 јануари 2013 година. Анкетата заврши на 15 овој месец, а граѓаните гласаа за градоначалникот кој според нив работел најнапорно изминатата година и кој бил најпосветен на своите граѓани.

stevce-jakimovski

Ана Николова, претставник од „Скопјеинфо“, информира дека анкетата имала за цел да се наградат и мотивираат посветените и да им се даде мотив повеќе на останатите градончалници да се докажуваат оваа година.

Градоначалникот Коневски истакна дека за признанието кое го добива заслужен е и тимот кој работи со него во општина Аеродром. Тие, како што рече, работеа посветено и секојдневно.

Според него, ангажманот на општинската администрација и реализираните проекти се резултат на тимската работа.

– И понатаму ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните и да реализираме многу проекти, рече Коневски.

Второпласираниот Јакимовски рече дека граѓаните ја препознаваат успешната работа и залагањето на градоначалниците. Смета дека општините Карпош и Аеродром се борат за прво место во Град Скопје, а дадените гласови, како што рече, се соодветни на расположението на граѓаните во Скопје.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош