А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

„Скопје Сити мол” најдобро архитектонско дело за 2012 година

by А1он27/12/2012 - 09:26616
Share0

Трговскиот центар „Скопје Сити мол”, на архитектите Грегори Ибанез, Звонко Тасевски, Крсте Петров и консултантот Илија Божиновски од фирмата ДСЦ Дизајн, е најуспешното реализирано архитектонско дело за 2012 година.

Добивај вести на вибер

Големата годишна награда за архитектура синоќа ја врачи претседателот Ѓорге Иванов, кој е нејзин традиционален покровител.

Во обраќањето на свеченоста претседателот Иванов истакна дека Македонија може да се пофали со значајна традиција на македонски градители, чии градби се познати пошироко во регионот.

– Македонската архитектура претставува одраз и на традициите, вредностите и светогледот на македонскиот народ, па оттука секоја генерација архитекти има предизвик и обврска да ја усовршува и збогатува сликата на македонската архитектура. Одговорноста не е само кон нашите современици, туку и кон идните генерации. Впрочем, тие исто така ќе бидат сведоци на она што ние сме им го оставиле како архитектонско наследство“, посочи претседателот Иванов, упатувајќи честитки до добитниците на наградата.

Доделувањето на наградата го организира Асоцијацијата на архитекти на Македонија, во рамки на традиционалната новогодишна средба на архитекти. Наградата се доделена по 36-ти пат и претставува преглед на архитектонските дела во тековната година и валоризација на најуспешното достигнување во архитектурата.

skopje

Би можело да ве интересира

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Горан Наумовски10/01/2026 - 17:54

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он28/12/2025 - 14:48

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Горан Наумовски26/12/2025 - 18:02

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Горан Наумовски19/12/2025 - 14:16

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он15/12/2025 - 19:32

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски13/12/2025 - 13:5413/12/2025 - 14:51
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен