Скопје Сити мол го слави првиот роденден

Од:

Осум милиони лица од државата и регионот во изминатата година го посетиле Скопје Сити мол, кој деновиве го слави својот прв роденден. Скопје Сити мол има преку 140 закупци и околу 2.000 вработени.

– По цела една година сметам дека сме доста координирани и веќе може да размислуваме како во иднина ќе им понудиме на нашите гости дополнителни содржини од комерцијален, забаваен па и едукативен карактер со што Скопје Сити мол ќе добие комплетен имиџ на вистински светски „Life centar“, изјави Ебру Радевски, генерален менаџер на Скопје Сити Мол на денешната средба со новинарите.

Под мотото на кампањата „Скопје Сити мол, прв роденден, прв избор“ прославата започнува со ноќен шопинг во петок каде акцентот е ставен на модата и шопингот, за што прва асоцијација на сите граѓани е токму Скопје Сити Мол.

Освен шопинг до доцните вечерни часови и музика презентирана од Антена 5 радио, посетителите првиот ден ќе можат да уживаат во бесплатна шминка во „Улицата на убавината“ на приземниот кат на Скопје Сити мол. Од 21 до 23 часот на вториот кат ќе бидат презентирани новите модни трендови преку селекција на колекциите есен/зима на дел од бутиците во Трговскиот центар, селектирани од тројца македонски познати дизајнери, а претставени преку модна ревија. Скопје Сити мол го отпочнува проектот кој има за цел да ги етаблира младите, надежни уметници преку изложби и експозиција на нивни дела на вториот кат. На првата изложба ќе бидат презентирани фотографии на тројца млади уметници од Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА.

„Скопје Сити мол – прв избор за забава“ е мотото на вториот ден кога првпат молот е домаќин на традиционалната манифестација што се одржува во организација на општина Карпош насловен „Ем умеам, ем можам“. Од 11 часот пред платото на Скопје Сити мол ќе бидат поставени штандови на кои македонските производители ќе вршат презентација, дегустација и продажба во нивните автентични производи. Освен промотивен дел манифестацијата нуди забава како за најмладите така и за повозрасните. Ќе биде прикажувано кратко документарно видео со Сашко Коцев по кое следува музички настап на хрватскиот пејач Петар Грашо. Исто така во сабота ќе има и попусти во игротеката „Имагинариум“, киното Синеплекс и кугланата „Bo Bowling“.

Во недела ќе има изненадување за сите оние кои ќе ги посетат рестораните, кафе баровите и рестораните за брза храна. Ќе има и забава за најмалите преку настанот на Просветно дело во Синеплекс од 12 до 14 часот.

Би можело да ве интересира

Тројца истепани во угостителски објект во Градскиот парк во Скопје

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот