Скопје се збратимува со Софија

Од:

Советот на Град Скопје, денеска на 43-та седница едногласно донесе одлука за збратимување на Скопје и Софија. Бугарската престолнина станува 19 град со кој Скопје се збратимува.

Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски ја поздрави оваа одлука, истакнувајќи дека се носи по долгогодишната соработка меѓу Софија и Скопје, и ќе биде добра основа за продлабочување на соработката на економско ниво, размена на искуства, како и за соработка во многу заеднички проекти.

Збратимувањето го поздрави и амбасадор на Република Бугарија во Република Македонија Иван Петков, кој изрази надеж дека оваа одлука ќе ја направи уште поплодна, како што рече, и онака одличната соработка меѓу двата главни града.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош