Скопје се разбуди во 5:17 часот со звукот на сирените

Од:

Град Скопје денеска се разбуди во 5:17 часот наутро со звукот на сирените во знак на потсетување на катастрофалниот земјотрес што се случи пред 55 години на 26 јули 1963 година во 5:17 часот. Група урбани уметници од Центарот за современи уметници реализираа аудио акција точно во точно 5:17 минути на пет различни локации низ градот и ги потсетија скопјани на точното време на трагичниот настан.

Со оваа аудио акција, урбаните уметници дадоа нивен оригинален придонес во оддавањето почит на жртвите од земјотресот и внесоа нова димензија во одбележувањето на оваа скопска трагедија.

Со влегувањето на звукот на сирените во домот на скопјани и будењето на граѓаните во 5:17 часот на најдобар начин кај секој жител на Скопје ќе се вреже сеќавањето на земјотресот, тажните сеќавања за трагедијата кои со тек на времето нема да бледнеат од генерација до генерација, бидејќи секој што ќе го чуе звукот на сирените ќе се потсети на катастрофата од далечната 1963 година и во својата меморија ќе го вреже датумот 26 јули.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош