Скопје поставува паноа за бесплатно изборно рекламирање

Од:

Согласно законската обврска и Одлуката за условите за добивање право за користење место за истакнување на изборни плакати во Градот Скопје (“Сл.гласник на Град Скопје” бр.6/06), Градот Скопје поставува паноа за бесплатно изборно рекламирање на посебно определени локации.

За добивање право на користење место за истакнување изборни плакати на наведените паноа, организаторите на изборната кампања, почнувајки од 19 февруари, доставуваат барање до администрација на Град Скопје – Сектор за комунални работи, најдоцна до денот определен за почеток на изборната кампања – 4 март 2013 година до 12 часот.

Редоследот на истакнување на изборни плакати се определува со ждрепка, посебно за секој подносител.

Ждребањето ќе се изврши на 4 Март 2013 година во 13 часот, во Град Скопје- Сектор за комунални работи, (Бул.Илинден бр.82 – барака 11).

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември