Скопје подготвено за првиот снег

Од:

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска го посети пунктот на ЈП „Улици и патишта“ во населбата Кисела Вода и ги промовира возилата што оваа зима ќе бидат ангажирани за расчистување на снежните наноси од градските улици.

Градот е целосно подготвен за одржување на магистралните и собирните улици на подрачјето на Скопје, во зимски услови. Зимската служба е активна од 15 ноември 2012 до 15 март 2013 година. Градот Скопје и ЈП „Улици и патишта“ располагаат со 23 камиони опремени со соларка и плуг, од кои 14 возила се ангажирани преку јавен повик, од фирмата „Аполо инженеринг“ од Скопје, а преостанатите се механизација со којашто располага јавното претпријатие.

Доколку оваа зима се јави потреба ќе биде ангажирана и дополнителна градежна механизација. Градот Скопје располага и со 3. 000 тони индустриска сол, од коишто 2.000 тони се набавени оваа сезона, а 1.000 тони се залиха од минатата година.

Тој додаде дека за непречено функционирање на зимската служба е формиран Кризен штаб во којшто членуваат претставници од Градот Скопје, сите јавни градски претпријатија, десетте скопски општини, Министерството за внатрешни работи и од Државниот инспекторат за патишта.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан