А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Скопје одбележува 52 година од катастрофалниот земјотрес

by А1он26/07/2015 - 11:4968
Share0

Скопје денеска со повеќе активности и манифестации одбележува 52 година од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, во кој 1.070 луѓе го загубија животот, а 3.000 беа повредени.

Добивај вести на вибер

Официјални делегации и претставници на институции утрово на Градските гробишта во Бутел ќе положат цвеќе пред Споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес.
Во Дневниот центар за дарување крв на Црвениот крст на Град Скопје, што се наоѓа во ДХО „Даре Џамбаз“, од 9 до 17 часот ќе биде реализирана традиционалната крводарителска акција.

Во Музејот на Град Скопје во 19 часот ќе се одржи литературно читање „Поетесите за својот град“, а во 20:30 часот ќе биде отворена изложбата „Скопје 1963-пред и потоа“, каде пред присутните ќе се обрати скопскиот градоначалник Коце Трајановски.

Концептот на изложбата е прикажување на централното подрачје на Скопје, пред земјотресот и потоа. Посетителите ќе можат да погледнат фотографии, создадени за изложба реализирана во Музејот на Град Скопје во 80-тите години на 20 век, насловена „Напоредни фотографии на Скопје“. Ќе бидат претставени и фотографии од Киро Георгиевски, користени за изложбата „Старо Скопје“, реализирана во Музејот во 1993 година. Посебен додаток на изложбата е донацијата на семејството Битољану, фотографии на фотографот Томислав Петернек, направени непосредно по земјотресот, за време на неговиот престој во Скопје.

Во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се одржи настанот „МКЦ за Скопје“. Од 20 часот ќе биде отворена изложбата на младиот македонски уметник Иван Петрушевски-Филм, со наслов „Херои и нули“. Потоа следува проекција на документарниот филм за култните „Леб и сол“, „Каша“ во режија на Дарко Марковиќ, концертен настап ќе имаат групите Sethstat&Мирко Попов, Khara и Сусијат.

skopje

Би можело да ве интересира

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Горан Наумовски10/01/2026 - 17:54

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он28/12/2025 - 14:48

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Горан Наумовски26/12/2025 - 18:02

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Горан Наумовски19/12/2025 - 14:16

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он15/12/2025 - 19:32

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски13/12/2025 - 13:5413/12/2025 - 14:51
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен